Туск: Од безбедноста на Западен Балкан зависи безбедноста на Европа

by fokus

ЕУ ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан, бидејќи безбедноста на Европа зависи од безбедноста на регионот, изјави синоќа во Љубљана претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

По средбата со словенечкиот премиер Миро Церар, Туск нагласи дека претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Софија, треба да биде искористен за изразување поддршка на европерспективата на регионот.

Церар од своја страна изјави дека Словенија го поддржува приемот на земјите од Западен балкан во ЕУ, откако ќе ги исполнат поставените услови за членство.

Покрај за средбата во Софија и јунскиот Самит на ЕУ, Церар и Туск разговарале и за прашањата за миграцијата и политиките за доделување азил.

Церар во врска со миграцијата се заложи за заеднички пристап на целата ЕУ во однос на миграцискиот проблем и политиката за давање азил.

– Словенија е загрижена затоа што бројот на мигрантите што се движат по т.н. балканска рура значително расте и на тоа треба заеднички да реагираме, изјави Церар.

Поврзани новости