Тупанчевски доставил податоци за случајот Палермо, се чека одлука на Грковска

Во краток рок ќе ги разгледааме информациите и јавно ќе го соопштиме ставот, велат за Фокус од кабинетот на Грковска, каде Тупанчевски ги доставил сите податоци поврзани со патувањето во Палермо.

by Фокус

Министерот за правда Никола Тупанчески одговорил на барањето испратено од кабинетот на вицепремиерката за антикорупција Славица Грковска и ги доставил сите неопходни информации и податоци поврзани со патувањето во Палермо, Италија, велат за Фокус од кабинетот на Грковска, најавувајќи дека во краток рок ќе ги разгледааат информациите и јавно ќе го соопштат ставот.

Во меѓувреме, додека се чека епилог од случајот, Грковска и Тупанчевски учествуваа на Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на ОН против корупција, на која беше порачано дека за ефикасна борба против корупцијата, освен законската рамка, е неопходно нејзина доследна примена преку „ефикасен систем кој нема да зависи од човечки фактор или гарнитура на власт“.

-Тоа единствено е можно доколку има одлична соработка меѓу сите институции кои се во ланецот задолжен за сузбивање и санкционирање на сите оние кои го прекршуваат законот почнувајќи од ДКСК, МВР, финансиска полиција, обвинителство, судство… Доколку само една од овие институции во тој ланец не функционира како што треба, тогаш сигурна сум дека ефикасноста во сузбивањето на сите негативни појави во нашето општество нема да биде потполно – рече Грковска.

Претходно, министерот Тупанчески за А1он призна дека не ја платил картата за чартер лет и влезот во стадионот во Палермо.

-Чартер летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што, и да сакате да биде вклучен чартер летот, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето кои што патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и овој дел кој што е платен, е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде – рече Тупанчески.

На посочувањето дека ова значи дека не ја платил ниту ВИП-картата и ја добил на подарок, тој рече:

„Ајде уште еднаш, зборуваме за процедура која што однапред е утврдена од страна на Фудбалската федерација. Тие имаат клуч на кој начин што ги добиваат. Картата која јас ја имав добиено гласи на мое име и е 00 евра. Дали ме разбирате? Практично и да сакате, има и за тоа доказ, дека практично картата е без цена“.

Од давачки за патувањето, платил аранжман на агенцијата „Гуливер“ исто како и обвинителката Фатиме Фетаи. Не ја покажа фактурата, ниту доказ за исплатата, но тврди дека ја подмирил на 28. март, односно изби аферата за него и се врати од Палермо.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости