179
До седум часот утрово евидентирани се осум пожари на отворен простор во државава.
Седум се изгаснати, а еден е ставен под контрола, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Ставен под контрола е приземниот пожар на Кожуф планина на територија на општина Гевгелија.
Од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Гази Баба.
Останатите пожари гореле во подрачјето на општините Виница, Кавадарци, Липково, Струмица, Шуто Оризари.