193
Сабаленка со 2-1 (4-6, 6-3, 6-4) во сетови беше подобра од Пегула, а Анисимова исто така со 2-1 (6-7, 7-6, 6-3) ја совлада Осака во полуфиналето на УС Опен.
Арина Сабаленка ќе ја брани титулата на УС Опен откако со пресврт успеа да ја победи Џесика Пегула.
Американката одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4, но одговорот на Сабаленка стигна веднаш, таа ги доби наредните два сета со 6-3 и 6-4 и дојде до победата од 2-1.
Со пресврт победи и Аманда Анисимова против Наоми Осака.
Јапонската тенисерка го доби првиот сет во тајбрејк со 7-4 и поведе со 1-0.
Во вториот сет исто така се играше тајбрејк, овојпат тој и припадна на Анисимова со 7-3.
Третиот решавачки сет го доби Американката со 6-3.