„Црвените ѓаволи“ на Солскјер пишуваат историја

by fokus

Манчестер јунајтед синоќа го победи Кристал Палас во натпреварот од 28. коло на англиското фудбалско првенство.

За „црвените ѓаволи“ ова беше осма победа по ред на гостински терен во сите натпреварувања што е нов клупски рекорд.

Извонредната серија на Јунајтед доаѓа под водство на Оле Гунар Солскјер којдојде во тимот во декември, откако Мурињо доби отказ.

Норвежанецот во Премиер лигата го предводеше Манчестер на 11 натпревари и не изгуби ниту еднаш (9 победи и 2 нерешени).

Поврзани новости