Црна Гора соопшти дека нема контрола над епидемијата: Со 25 отсто позитивни од тестирани епидемијата не е под контрола

by fokus

Директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје Игор Галиќ денеска изјави дека во земјата „епидемијата на корона вирус не е под контрола“.

– Во последните седум дена, едно лице се разболува на секои две и пол минути, или едно лице умира на секои 150 минути, рече Галиќ.

Во последните 24 часа починаа 13 лица, а вкупно починаа 1.111 лица. Во последните седум дена починаа 65 лица.

– Процентот на позитивни, новорегистрирани случаи во однос на бројот на тестирани е меѓу 25 и 30 проценти. За да можеме да кажеме дека контролираме епидемија, тој однос мора да биде пет проценти, изјави Галиќ.

Тој посочи дека „локалното пренесување е се поизразено и се зголемува“, и дека 13 проценти од населението е веќе заразено или се заразило со коронавирусот .

Галиќ изјави дека нема податоци за тоа дали имало случаи на инфекција со вирусот по вакцинирањето.

Поврзани новости