Ципрас за прв пат стави вратоврска

by fokus

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска за прв пат стави вратоврска, што е исполнување на ветувањето дека ќе стави вратоврска кога Грција ќе излезе од економската криза.

Малку ми е тешко, но ќе се навикнам, рече грчкиот премиер, кој си го одржа ветувањето и со црвена вратоврска се појави пред пратениците на коалиционите партнери СИРИЗА и Независни Грци.

Бидејќи вратоврската е иста како онаа која македонскиот премиер Заев му ја подари во Преспа, останува дилема дали е тоа истата вратоврска.

Поврзани новости