Циклонот „Фреди“ остави пустош, најмалку 216 жртви во Мозамбик и Малави

by Fokus

Најмалку 216 луѓе загинаа во новиот наплив на разорниот циклон „Фреди“ во африканските земји Малави и Мозамбик, а очекувањата се дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.

Властите во Малави денеска соопштија дека 199 луѓе ги загубиле животите откако циклонот во саботата вечерта по вторпат го погоди африканското копно, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Претседателот Лазарус Чаквера прогласи вонредна состојба во јужниот регион на земјата и сега уништениот град Блантајр. Околу 19.000 жители се раселени од југот на земјата.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, денеска изјави дека со пружањето помош на жителите е оневозможено од недостигот на струјата и мрежа во погодените подрачја.

Поврзани новости