Денес завршува обврската за носење зимска опрема во возилата

by Fokus

Поради вградување на асфалтен слој(асфалтирање), од 15.03.2023 до 18.03.2023, регионалниот пат Велес-Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот, информираат утрово од Авто-Мото сојузот на Македонија.

Исто така потврдуваат дека денеска завршува обврската за носење зимска опрема во возилата, без разлика на временската состојба.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, појаснуваат од АМСМ.

Поврзани новости