Цената за струјата нема да ја одредува РКЕ, тоа ќе го прави ЕВН Хоум

by Fokus

Регулаторната комисија повеќе нема да ја пресметува и одредува цената на струјата. Тоа од 1 јануари 2024 година ќе го прави австриската компанија ЕВН ХОУМ, најави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој кажа дека нема да се менува формулата за пресметка, дека универзалниот снабдувач ќе ја утврди новата цена и ќе ја достави до Регулаторната комисија, а пак регулаторите ќе кажат дали таа е коректна.

-Ние проверуваме како е применет тарифниот систем. Дали трошоците за набавка се во ред, за маржата, трошоците за маркет операторот. Ако не се добри ќе ги вратиме и ќе кажеме дека не се правилно применети тарифните системи, вели Бислимоски.

Не е јасно дали покрај проверката на одлуката, РКЕ ќе може да интервенира во цената.

Поврзани новости