Осми мај – неофицијален датум за заеднички избори

by fokus

Осми мај идната година, неофицијално, е датумот на кој ќе се одржат претстојните парламентарни и претседателски избори, изјави министерот за правда Кренар Лога.

-Неофицијално, јас знам дека тој датум ќе биде и официјален датум. Како и да е, ќе треба деновиве мнозинството да заземе став, а потоа и опозицијата, но верувам дека тој ќе биде датумот за двата изборни циклуса, рече Лога.

Пред два дена премиерот, Димитар Ковачевски рече дека во мај идната година има доволно простор за одржување на два изборни циклуси во редовните термини, а ова го повтори и вицепремиерот Артан Груби.

-Мислам дека сите политички партии се согласни изборите да се одржат заедно и да не бидат предвремени, затоа што во мај има простор да се одржат, согласно нашето законодавство, редовни избори и претседателски и парламентарни, и се надевам дека во рок од неколку дена ќе се донесе заедничка одлука, рече Груби.

Ова беше барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која повикуваше на одржување заеднички претседателски и парламентарни избори во мај идната година.

Поврзани новости