Цената на гасот во Европа урива рекорди

by Fokus

Денеска за првпат во историјата цената на гасот во Европа го надмина нивото од 2.000 долари за 1.000 кубни метри. Тоа е 200 долари повеќе од утрово и 300 долари повеќе од вчера.

Фјучерсите за испорака на гас за јануари на пазарот TTF во Холандија скокнаа на 2.004 долари за 1.000 кубни метри, или 172,52 евра за MWh, покажуваат податоците на лондонската берза ICE, пренесува Танјуг.

Во понеделникот „Гаспром“ не направи резервации за денешниот транзит на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа, кој транспортира гас до Германија.

Како резултат на тоа, физичкиот проток на гас низ тој цевковод беше суспендиран.

Покрај тоа, „Гаспром“ не резервира дополнителни капацитети за транзит на природен гас низ Украина за јануари. Компанијата на вчерашната аукција резервирала 21,6 отсто од предложениот капацитет низ Полска преку гасоводот Јамал-Европа.

Рускиот холдинг за гас од петокот го намалува обемот на резервации за транзит на гас преку тој гасовод.

Поврзани новости