Целосно изгорел автомобил во Скопје

by Fokus 12:52
12:52

Во Скопје вчера целосно било опожарено возило, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 23.40 часот на паркингот од ул. „Ѓорги Сугаре“ во Скопје, од засега непознати причини, целосно било опожарено патничко возило „Пежо 405“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на С.Ѓ. Со пожарот биле зафатени и надворешениот ѕид и клима уред од една продавница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

- Advertisements -

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Поврзани новости