Уште двајца исчезнати во Скопје

by Fokus

Две лица исчезнале во Скопје, за што во полиција било пријавено во текот на вчерашниот ден, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 23.00 часот во Полициската станица Драчево, Н.С. (43) од Скопје пријавила дека на 15.12.2017 година околу 08.00 часот, нејзиниот сопруг  О.С. (48) од Скопје, од засега непознати причини, од својот дом се одалечил во непознат правец.

Исто така, во текот на вчерашниот ден во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, Ј.М. пријавил дека пред шест дена околу 10.00 часот неговиот роднина Д.Т. (84) се оддалечил од домот во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Поврзани новости