Целосно изгоре товарно возило на патот кај Дебриште

by fokus

Целосно изгоре товарното возило на патот кај Дебреште, Росоманско, во пожарот што избувна попладнево, за среќа повредени нема.

Очевидци раскажуваат за МИА дека екипа на Територијалната противпожарна единица била на местото на настанот брзо и интервенирала соодветно, но заради присуството на гориво во товарното возило, пламените јазици си го направиле своето. За среќа, пожарот не се проширил во околината. Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Како што информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, товарното возило е со  скопски таблици, а по завршувањето на увидот нормализиран е сообраќајот на патот Градско-Прилеп, кој претходно од 15:50 часот се одвиваше наизменично.

Поврзани новости