Антонијо Милошоски да се извини, инаку ќе го тужам за клевета, порача Трифун Костовски

by Fokus

Поранешениот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски бара пратеникот Антонијо Милошоски јавно да му се извини во спротивно ќе го тужи за клевета.

– Јавно го повикувам господинот Антонио Милошоски да се извини за лагата која ја објави на својата Фејсбук страница, во спротивно ќе покренам тужба за клевета – вели Костовски.

Пратеникот Милошоски на својот фејсбук напиша дека „на Костовски му е поважен бизнисот за банката од тоа дека ќе стане Северномакедонец“.

Поврзани новости