Тројца млади Руси осудени поради учество во протестите против Путин на неговиот роденден

by fokus

Тројца млади Руси беа осудени во Санкт Петербург од 10 до 15 дена затвор поради учество во вчерашните протести против претседателот Владимир Путин на неговиот роденден.

Андреј Граф е осуден на 15 дена затвор, а Иван Рубцов и Влад Иванчо на 10 дена затвор за кршење на правилата за организирање на јавни собири.

На 7 октомври, кога Путин го прослави 66-тиот роденден, мала група активисти, меѓу кои беа тројцата осудени, поминаа низ центарот на родниот град на претседателот со табла со натпис: „Ви посакуваме долги години затвор!”

Друга група постави табла на мост во градот, на која пишуваше „Санкт Петербург против Путин”.

Во текот на вчерашниот ден полицијата уапси и други активисти, кои учествуваа во протестните акции, но повеќето беа ослободени.

Поврзани новости