Тројца Mакедонци завршија во болница во Драч, откако се спасиле од давење

by Фокус

Тројца туристи од Македонија вчера биле спасени од давење на плажата во Гољем, петнаесетина километри јужно од Драч.

Како што информира албанската полиција, тие биле изнесени од разбранетото море и потоа однесени во болница. Двајца туристи се во тешка здравствена состојба.

Според полициското соопштение, туристите влегле во морето на плажата во Гољем ризикувајќи да се удават додека пливале.

Откако биле изнесени од морето, на плажата им била укажана прва помош од присутната крајбрежна стража и полициски службеници од Каваја кои во моментот биле дежурни на плажите.

„Тројцата туристи се испратени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош. 48-годишниот државјанин е надвор од животна опасност, додека 66-годишниот државјанин и другиот државјанин, на возраст од околу 60 години се во тешка состојба“, соопшти албанската полиција.

Поврзани новости