Трамп ја обвини Кина за ширење на корона вирусот, Австралија бара меѓународна истрага

by Фокус

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остро предупредување за Кина оти можеби „е одговорна за ширење на пандемијата на корона вирусот“.

-Пандемијата можеше да се запре во Кина пред да почне, но тоа не се случи, и сега целиот свет страда поради тоа. Ако тоа беше грешка, вo ред. Но ако тие се свесно одговорни, мислам дека тогаш дефинитивно треба да има последици – изјави Трамп пред новинарите во Белата Куќа.

Според него, бројките на заразени и починати што ги соопштува Кина не се реални.

-Тие велат дека ние сме број еден по стапката на смртност, но тоа не е точно. Кина е број еден, а не ние. Разликата не е мала, ние не сме ни блиску до нив. Јас знам, а и тие знаат, но не сакаат да кажат. Ќе морате да му објасните на светот. Еден ден ќе објаснам и јас – рече тој.

И Австралија ја оспорува транспарентноста на кинеските власти во одговорот на епидемијата на новиот корона вирус и побара меѓународна истрага за појавата и ширењето на коронавирусoт.

Поврзани новости