Филипче ги советува родителите: Читајте им на децата, гответе заедно и разгледувајте фотографии!

by Фокус

Читање книги, учење низ игра, разгледување фотографии или готвење заедно, се само дел од советите и идеите како родителите да поминат квалитетно време со децата во изолација, што ги препорачува министерот за здравство Венко Филипче. Тој всушност споделува повеќе алатки и препораки од психологот Иво Куновски за периодот со ограничено движење.

„Најдете време во денот да им читате на децата. За време на читањето, разговарате со децата за сликите и настаните во книгата, опишувајте ги, предвидувајте што би се случувало во книгата понатаму и разговарајте како некои од ликовите се чувствуваат. Разгледувајте и споделувајте за фотографии. Користете фотографии од албуми или телефони и дозволете на детето да споделува што гледа на сликата, каде и кога е тоа, како и зошто се случува тоа и како се чувствува детето за споделените личности и настани. Учете низ игра во домот. Деца кои имаат некои основи од математика може да имаат мисија низ домот да бројат прозорци, слики, растенија, столици итн. Предизвикајте ги да изградат шатор од ќебе или тврдина од перници или кутии. Учете да цртате или со пластелин да моделирате животни и растенија, учете ги нивните имиња, опишувајте како изгледаат, што јадат, каде живеат итн. Засадете неколку семки во саксија (пр. пченица, грав, грашок) и овозможете му на детето да се грижи за нив, истражувајќи колку вода и светлина им е потребно, како растат, како се јадат“, пишува Филипче на фејсбук.

Тој воедно им порачува на родителите да ги вклучат децата при припрема на храна и готвење, кое, како што вели, може да биде дополнителна едукативна активност за децата.

Поврзани новости