АА бара кривична одговорност за прославата на Велигден во Бигорски

by Фокус

Стотици православни христијани се собраа синоќа во црквата Бигорски за да го прослават Велигден, не почитувајќи го полицискиот час, препораките и мерките за спречување на вирусот, реагира Алијансата на Албанците на Зијадин Села. Од таму бараат надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно кривичната постапка за организаторите и учесниците.

„Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните. Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеа маски и ракавици, што во овој случај тие можат да бидат извор на масовна инфекција за ширење на ковид-19“, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости