Трамп: Бајден лажно се претставува како победник на изборите

by Fokus

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп оцени денеска дека демократот Џо Бајден „брза лажно да се претставува“ како победник на изборите во САД, откако голем број медиуми во САД го прогласија за победник на претседателските избори. Тој додаде дека од понеделник почнува да ја брани својата позиција на суд за резултатите од претседателските избори.

„Сите знаеме зошто Џо Бајден брза лажно да се претстави како победник и зошто неговите медиумски сојузници толку многу се обидуваат да му помогнат: тие не сакаат да се открие вистината. Едноставен факт е дека овие избори се далеку од завршени. Џо Бајден не е прогласен за победник на ниту една сојузна држава, а камоли на некоја од многу оспоруваните држави кои се насочени кон задолжително пребројување на гласовите или држави каде што нашата кампања има валидни и легитимни правни предизвици што можат да го одредат крајниот победник“, смета Трамп.

Поврзани новости