Скопјанец прегазил полицаец кој регулирал сообраќај

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, на магистралниот пат Радовиш-Штип, патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С.(50) од Скопје удрило во полициски службеник С.С.(23) од Пробиштип, кој извршувал работни задачи за контрола и регулирање на сообраќај.

„Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, во присуство на Јавен обвинител“, информираа од МВР.

Поврзани новости