Тошковски: Нема обрасци за пасоши поради лошото планирање

by Фокус

Личните карти, возачките дозволи важат за домашна употреба и оние кои што имаат важечки документи, а имаат и пасош со новото име на државата, нека не се јавуваат да закажуваат термини и да го оптеретуваат системот, порача министерот за внатрешни Панче Тошковски.

Тој на ТВ 21 изјави дека поради лошото планирање, во моментов нема обрасци за пасоши, па поради тоа доцнат готовите документи за сите оние кои се фотографирале во декември и јануари.

-Во рамки на оние обрасци со кои што ние моментално располагаме, можеме да задоволиме сега дел од оние итни постапки кои што ги имаме, многу мал број на пасоши значи, затоа што обрасци нема. Зошто нема? Наместо планирањето да е за вкупниот број на државјани кои што имаат право на македонски пасош, планирањето било на вкупен број на присутни граѓани во Република Македонија – рече Тошковски.

Поврзани новости