Османи ќе биде кандидат на ДУИ за претседател, тврди албанската опозиција

by Фокус

Бујар Османи ќе биде кандидат на ДУИ за претседател на државата, објави албанската опозиција.

-Кога веќе се дозна јавно дека кандидат на ДУИ за претседател на државата ќе биде Бујар Османи, би сакале да ја потсетиме јавноста, кој е всушност овој кандидат и колку заслужува да биде кандидат, а камоли избран претседател. Можеби некој и заборавил, но оние што ги следат настаните кај нас добро се сеќаваат на Бујар Османи како министер за здравство на Владата на Груевски, а негов единствен успех во тие години беше најкорумпираниот албански министер досега – рече Амир Елези.

Поврзани новости