Тој што пукал кон таткото на исчезнатиот Самоил побегнал

by Fokus

Од министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата на „Фокус“ дека утрово е пукано во 57-годишниот Љ.К. иако во нивниот извештај не стои дека тоа е таткото на киднапираниот Самоил Костадиновски.

„Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К(57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во Комплекс „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

 

Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се нацедува во соопштението на МВР.

„Фокус“  неофицијално дознава дека тој што пукал кон таткото на Самоил побегнал.

Поврзани новости