ТМРО реагира што „Јасен“ му е доделен на кадар на Зијадин Села

by Fokus
Доделувањето на управување на резерватот “Јасен” во рацете на партијата на Зијадин Села е сериозен удар на безбедносните капацитети на Македонската држава, реагираат од партијата ТМРО откако на позицијата директор во јавното претпријатие Владата постави кадар од партијата на Зијадин Села.
„Со оглед на значењето на „Јасен” како стратешка воена зона, сметаме дека станува збор за очигледно испорачана фактура за поддршката на парламентарното мнозинство. За ТМРО, давањето на директорување на еден од трите државни најважни безбедносни објекти, на политички субјект кој отворено се залага за уривање на унитарниот карактер на државата не е само политички превид, туку намерна грешка, чии последици допрва ќе се почувствуваат“, велат од партијата на Ванчо Шехтански.

Поврзани новости