Кривична пријава против директор на основно училиште во Македонски брод за незаконски превоз на ученици

by fokus

Директорот на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Македонски брод е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување и дека во период од 2011 до 2016 година организирал незаконски превоз на ученици. Против 54-годишниот Т.С. е поднесена кривична пријава и се товари дека го оштетил буџетот на училиштето за речиси 40.000 евра.

Како што велат од Министерството за внатрешни работи, финансиските извештаи на училиштето покажуваат предвидени средства за превоз на ученици драстично поголеми од потребното.

„Во годишните финансиски планови на расходи, на ставката превозни услуги во образованието, директорот предвидувал поголеми износи на парични средства со кои ги покривал трошоците за незаконски организираниот превоз на ученици“, посочуваат од таму.

Според МВР при организирањето на превозот директорот како овластено лице, го прекршил Законот за јавни набавки и Законот за превоз во патниот сообраќај. Имено дел од учениците се превезувале во комбиња во сопственост на училиштето, а дел во комбиња сопственост на средното училиште „Свети Наум Охридски“ од Македонски број, но и двете училиште немале соодветни лиценци за посебен линиски превоз и превоз на ученици.

Поврзани новости