Тимотеј за влезот на МПЦ во бизнисот со струја: Располагаме со одредени средства, добро е да не ни седат така

by Фокус

Црквата во моментов располага со одредени финансиски средства и сметавме дека е добро тие да не седат така туку да се вложат во нешто, за да се оствари добивка – вака владиката Тимотеј за Слободен печат одговара на прашањето околу влезот на МПЦ-ОА во бизнис со мали хидроцентрали.

-Зошто контроверзен? Ако овие проекти се одобрени од државата, Црквата нема причина да ги гледа како проблематични – вели Тимотеј.

Инаку, пред неколку дена медиумите објавија информација дека МПЦ се јавува како содружник во фирма за производство на електрична енергија ХЕЦ Драгов Дол, заедно со други субјекти.

Поврзани новости