Два силни земјотреси ја погодија Хрватска

by Фокус

Два силни земјотреси утрово ја погодија Хрватска. Првиот се случил во 06:28 часот, а вториот 07:49 часот. Двата биле со епицентар на 50-тина километри југоисточно од Загреб.

Првиот бил со јачина од 5,2 степени, додека вториот од 5,0 степени. Најмногу се почувствувал во Сисак, но и во Загреб. Имаше и трет потрес, со послаб интензитет од 4,1 степен нешто пред 8 часот.

Пожарникарите примиле неколку повици за помош и веднаш интервенирале. Неколку куќи биле оштетени, особено оние од постара градба.

Шефицата на Сеизмолошката служба на Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак.

Поврзани новости