Пронајдено телото на мажот што исчезна во Дренска Река

by Фокус

Пронајдено е телото на мажот што вчера исчезна во Дренска Река, објави МИА според извори од полицијата, од каде засега не можат да дадат повеќе детали за случајот.

Локалното население, заедно со полицијата, вчеравечер учествувало во потрага по течението на реката.

Според локалните жители, починатиот бил со уште двајца други.

Тие сакале да ја минат реката со џип, но реката го завлекла возилото.

Двајца се спасиле, но третиот заврши трагично.

Поврзани новости