Тимоние: Партијата што ја загубила власта треба да се редефинира

by Фокус

По загубата на власта, секоја партија мора да се редефинира, доколку сака да остане во живот, зашто животот ги казнува сите оние што доцнат, вели францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, во интервју за Макфакс, во однос на прашањето поврзано со движењата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

-Секогаш кога една партија заминува од власт, треба да се редефинираат многу работи. Но, тоа не се случува за 2 недели и мислам дека ќе треба да им се даде време, особено на историските партии, да си ја преиспитаат совеста, да се запраашат дали најсоодветните лица се нашле на раководни места и дали оние кои што можеби дали големи заслуги за земјава не е време да бидат заменети со други. Се се менува со животот, се работи за универзален феномен – рече Тимоние.

Поврзани новости