Тим од четворица гинеколози ја прегледуваат Јанкуловска

by fokus

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, ја прегледува конзилијарен тим од четворица гинеколози на Клиниката за гинекологија, по налогот на судијката Добрила Кацарска. Прегледот се врши со цел да се утврди дали навистина Јанкуловска е во ризична бременост, поради што и не се појавува на судењата за случајот „Тенк“.

Како што дознава „Фокус“ гинеколозите треба да утврдат во која недела од бременоста е Јанкуловска, дали постои ризик да се породи во скоро време и дали може нормално да се движи. На клиниката ќе и се направат испитувања како ехо, ЦТГ и должина на цервикс.

Во стручната Комисија која го врши прегледот членуваат гинеколозите: Ана Данева,  Бети Зисовска, Иво Ќаев и Горан Кочоски.

Поврзани новости