Тијана Дапчевиќ со ,,Веселите девојки” доаѓа во Скопје

by Fokus

Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје. Музичко-сценскиот спектакл ,,Веселите девојки’’ во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ, на 23-ти март ќе биде изведен на сцената во „Македонска Филхармонија“- информираат од организацијата на настанот.

Станува збор за претстава која е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив.

-Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство- појаснуваат организаторите.

На овој музичко-сценски настан ќе настапат Тијана Дапчевиќ, Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ. Влезниците веќе се пуштени во продажба.

Вики Клинчарова

Поврзани новости