Тешко повредени двајца тинејџери, 19-годишник изгубил контрола на „аудито“ и се превртел

by fokus

Две лица на возраст од 19 и 18 години биле вчера пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, откако доживеале сообраќајка на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“. До сообраќајката дошло откако 19-годишникот кој управувал со возилото марка „ауди“ изгубил контрола врз истото и се превртел.

„На 19.10.2018 година во 00,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ѓ. (19) од Скопје изгубило контрола и се превртелo. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  П.Ѓ. а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Д.(18) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот“, информираа од таму.


Поврзани новости