Тешка сообраќајка на автомобил со Брза помош

by fokus

Вечерва на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата 8- септември се случи тешка сообраќајна несреќа , во која неофицијално има повредени, објави Канал 5.

До сообраќајната несреќа дошло кога автомобил се удри во возило на Итната медицинска помош , кое се движело по Партизанска , најверојатно кон Козле.

Во возилото удрил автомобил со голема брзина , што се движел по Партизанска во правец кон Центар. Веднаш пристигнаа уште две амбулантни возила за да ги пренесат повредените.

Од возилото на Итната медицинска помош излегоа здравствени работници во скафандери. Засега не познато колку лица се повредени.

Поврзани новости