Тарчуловски: Ќе ми биде особена чест ако ме пуштите од притвор за да го следам говорот на Столтенберг

by fokus

Пратеникот Јохан Тарчуловски бара кривичниот суд да му дозволи на 18 јануари да го напушти својот дом на 4 часа за од собраниско столче лично да го слуша обраќањето на генералниот секретар на Нато, Јенс Столтенберг, пренесе телевизија Телма.

Во писмото кое денеска преку неговиот адвокат Апостолски го испратил до судијката на претходна постапка Димишкова, пишува дека е свесен дека собрнаието му го одзело имунитетот за да му биде определен куќен притвор, но додава дека во оваа фаза се уште ја извршува функцијата пратеник.

„Ќе ми биде особена чест и задоволство да го слушам неговото обраќање во Собранието на РМ, бидејќи сум голем поддржувач на нашата интеграција во НАТО и ЕУ. Во таа смисла, сметам дека моето присуство на седницата на која ќе се обрати г. Столтенберг е во насока на реафирмација на моите заложби и ветувања кои ги дадов пред граѓаните на Република Македонија и пред моите гласачи, за целосна и безусловна интеграција на Република Македонија во евро-атлантските структури“, стои во барањето на Јохан Тарчуловски.

Тарчуловски очекува судот да му даде дозвола и затоа што до сега не ја прекршил забраната да го напушти домот.

Поврзани новости