Таравари објави кандидатура за втор мандат

by fokus

Актуелниот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денеска ја објави кандидатурата за нов четиригодишен мандат на чело на Гостивар.

„Тимот и јас одлучивме официјално да ја објавам кандидатурата за градоначалник на Гостивар. Ние сме на крајот од првиот мандат. Велат дека понекогаш не ја разбираш вредноста на моментот, додека тој миг не се претвори во спомен. Така, часови и денови полни со работа, уште малку ќе се читаат како 4 години во календарот. Успеавме, во овие 4 години, името на нашиот град да биде заведен меѓу најуспешните и првите во државата“, напиша Таравари на фејсбук.

Негов противкандидат од ДУИ најверојатно ќе биде поранешниот градоначалник Невзат Бејта.

Поврзани новости