Братот на Навални осуден на една година условно

by fokus

Московскиот окружен суд денеска го осуди Олег Навални, брат на опозицискиот лидер Алексеј, на условна казна затвор од една година за кршење на санитарните мерки со повик за улични протести.

Демонстрациите и другите масовни собири беа забранети во Русија за време на пандемијата на коронавирус.

Неколку други соработници на Навални се соочија со истите обвиненија во контроверзниот кривичен случај започнат од руските власти по масовните протести против апсењето на опозицискиот лидер што ја потресе Русија во јануари.

Во вторникот, близок соработник на опозицискиот лидер jубов Собол беше осуден на една и пол година условно за истите обвиненија.

Навални, најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, пак, беше уапсен во јануари по враќањето од Германија, каде што помина пет месеци на лекување поради труење со нервен агенс.

Поврзани новости