Талибанците повторно ќе егзекутираат и ќе сечат раце

by Fokus

Еден од основачите на талибанците и главен иницијатор за строго толкување на исламскиот закон за време на последното владеење на Талибанците во Авганистан кон крајот на 1990 -тите, Мула Норудин Тураби, рече дека движењето повторно ќе врши егзекуции и отсекување на раце, иако можеби не во јавност.

Во интервју за Асошиејтед Прес, Тураби го отфрли гневот поради егзекуциите што талибанците ги вршеа во минатото, кои понекогаш се случуваа пред толпа луѓе на стадион и го предупреди светот да не се меша во работата на новите владетели на Авганистан.

– Сите не критикуваа за казните на стадионот, но ние никогаш не кажавме ништо за нивните закони и казни, рече Тураби.

– Никој нема да ни каже какви треба да бидат нашите закони. Ние ќе го следиме исламот и ќе усвоиме закони засновани на Куранот, додаде тој.

Поврзани новости