Два дена до изборите во Германија, Шолц води на анкетите

by Fokus

Два дена до парламентарните избори во Германија, Олаф Шолц од Социјалдемократите (СПД) води на анкетите, јави ДПА.

Во конкуренција за наследник на канцеларката Ангела Меркел, покрај Шолц, се Армин Лашет од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Аналена Бербок од Партијата на зелените.

Еден од најпочитуваните економски столбови на Германија во последните години е таканаречениот „шварце нул“ или „црна нула“, балансиран буџет, без нов јавен долг.

Пандемијата досега ја спречуваше таа цел, но останува водечки принцип на конзервативците кои ја предводеа владата во изминатите 16 години. Меѓутоа, за СПД, која има се поголема популарност, ова очигледно не е меѓу позначајните приоритети.

– „Црна нула“ е политичка цел, а не закон, изјави лидерот на СПД, Саскија Ескен, додавајќи дека соочувањето со денешните предизвици без нов долг би било во рангот на „вуду магија“.

Весникот „Тагешпигел“ направи опсежно истражување за рејтингот на социјалните медиуми, според кое ниту еден од кандидатите за канцелар не е во првите шест најпопуларни на Твитер, на листата на која доминираат помалите партии.

Меѓу лидерите на партиите, Кристијан Линднер од Слободните демократи, Бербок и Алис Вајдел од Алтернатива за Германија се во водство кога станува збор за корисниците на социјалните мрежи. СПД и Зелените имаа многу повеќе објави на социјалните медиуми отколку ЦДУ/ЦСУ.

Шефот на СПД Норберт Валтер-Борјанс рече дека очекува првите две партии со најмногу гласови да одржат преговори за коалиција.

Поврзани новости