Tag:

синоличка трпкова

  • Светот денес е поделен на креатори и на уништувачи. Првите се како мравки што заеднички работат и упорно се грижат за опстанокот на светот, а вторите се разурнувачи што газат и уриваат. Дотаму дојде, да ги делиме луѓето на „мравки“ и на „чизми“.

  • На оваа власт не ѝ е важно здравјето на народот. Таа не се грижи за него и не го ни поттикнува зашто здравиот човек не ѝ е приоритет. Ако здравјето на човекот навистина е приоритет на една земја, народните пари нема да се трошат на тркала, катни гаражи и споменици и на градби од гипс и стиропор!?

  • Зомби-реформи

    by Фокус
    by Фокус

    Поголемиот дел од нас упорно се трудат да ги задоволат наредбите од власта и глумат „кукли“.

  • Големи љубови отсекогаш постоеле и ќе постојат. Љубови за кои се пишувало, раскажувало, сликало, пеело. Моето лично толкување за љубовта е дека таа постои, но дека никогаш не доаѓа во брз автомобил, најавувајќи го пристигањето со чкрипење на гумите, а тивко демне од заседа, чекори кроце, на прсти, и пред да ја видиш и чуеш, таа е веќе во тебе.

  • Под ова наше небо само власта е горда. Таа се гордее со себе, со своите партиски членови, гласачи, бизнис-партнери и тендер-бизнисмени, споменици, фасади и лаѓи, со својот антички корен. Другите што не спаѓаат во ова гордо друштво, можат слободно да заминат или да се упокојат или само да сонуваат за една друга − поинаква Македонија. Зашто над оваа Македонија, денес, се раѓа едно ново сонце, под кое нема слобода и место за сите!

  • Народот е гол

    by Фокус
    by Фокус

    Сивата и црната се нашиот модерен општествен тренд. На други места тие значат криза, конзервативен пристап ‒ за другите бои да не бодат очи. Кај нас тие ја покриваат нашата посрамена духовна голотија.