Тачи му ја открил на Хан „единствената вистина”

by fokus 19:48
19:48

Груевски и Ахмети се договорени за Влада и тоа е единствената вистина, изјави лидерот на ДПА во оставка, Мендух Тачи на средбата со еврокомесарот, Јоханес Хан.

-Си ги знам играчите од искуство. Не мислам, туку сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе имаат договорено влада, само нѐ малтретираат, но не знам зошто тоа не го кажуваат, би било коректно- рече Тачи.

Тој тврди дека за формирање нова влада, досегашните коалициони партнери побарале поддршка и од Алијансата за Албанците, а веќе се договориле и дека на чело на Собранието ќе застане Албанец.

Тачи порача дека ДПА нема да даде поддршка на ниту една Влада и дека во секој случај ќе остане опозиција.

Поврзани новости