Државни инспектори пак тропнаа кај Теута Арифи

by fokus

По контролите од трудовиот инспекторат, денеска општина Тетово ја посетија и претставници од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Во општината каде на чело е градоначалничката и потпретседателка на ДУИ, Теута Арифи, контролата траела неколку часа, а по завршувањето немало информација што што била целта на инспекцијата и дали пронашле неправилности во работењето на Секторот за урбанизам.

Од кабинетот на градоначалничката Арифи велат дека Општина Тетово го поздравува фактот дека токму во овој период има зголемена тенденција на инспекциски контроли од страна на надлежните државни институции.

Пред една недела, освен општина Тетово, финансиска полиција ги посети и Општина Гостивар и Општина Чаир, каде градоначалници се потпретседателите на ДУИ, Невзат Бејта и Изет Меџити. Бејта тогаш обвини дека се работи за политички реваншизам, бидејќи јавно порачал дека ниту еден Албанец не сака коалиција со Никола Груевски.

Поврзани новости