605
Светската здравствена организација следната недела ќе почне да ја разгледува можноста за одобрување за итна употреба на две кинески вакцини против корона вирусот, изјави помошничката на генералниот директор на СЗО, Маријанџела Симао.
Симао исто така рече дека СЗО размислува да издаде одобрение за итна употреба за вакцините на АстраЗенека, произведени во Јужна Кореја и Индија.
Кина потпиша договори за извоз на милиони дози вакцини развиени од нејзините компании Синофарм и Синовак.