АстраЗенека: Почетните испораки на вакцини ќе бидат помали од предвиденото поради застој во производството

by fokus 19:51
19:51

Компанијата АстраЗенека денеска соопшти дека почетните испораки на вакцината против корона вирус за земјите од ЕУ, која е развиена со Оксфордскиот универзитет, ќе бидат помали од предвиденото поради застој во производството.

– Почетните количества ќе бидат помали отколку што беше првично предвидено поради намалените приноси на местото на производство во рамки на нашиот европски синџир на снабдување, порача портпарол на британската компанија во писмено соопштение, одбивајќи да даде повеќе детали.

- Advertisements -

Тој додаде дека компанијата ќе им достави на државите од ЕУ десетина милиони дози во февруари и март, кога ќе продолжи да го зголемува обемот на производството.

Вакцината на АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет би требало да добие дозвола за употреба во ЕУ до крајот на овој месец.

Поврзани новости