СВР Охрид: Нема пријава за пукање во близина на партиски штаб

by fokus

По информацијата објавена на неколку медиуми, дека наводно синоќа било пукано пред партиски штаб во Охрид, од СВР Охрид демантираат. За „Фокус“ портпаролот Стефан Димоски вели дека пријавено било само оштетување на возило, но се уште не е утврдено дека било од пукање.

-До овој момент, во СВР Охрид нема официјална пријава за пукање од огнено оружје  пред изборен штаб на политичка партија во Охрид. Ги демантираме написите за таков настан во Охрид и ве информираме дека синоќа во 22 часот и 45 минути, М.К.(32) од Охрид пријави оштетување на неговото возило „опел зафира“ со охридски регистарски ознаки случено на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Според пријавителот, возејќи го автомобилот, тој слушнал удар врз автомобилот и откако застанал, на кровот забележал оштетување.

По наредба на Јавен обвинител, на поширокото посочено подрачје извршен е преглед, но не се пронајдени чаури или други траги поврзани со испукување од огнено оружје. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на овој случај, вели Димоски.

Поврзани новости