(Видео) Авион слетал во Река во Флорида

by fokus

Чартер лет кој со 143 патници допатувал од Куба до северна Флорида, завршил во реката на крајот од пистата, соопштија локалните власти, без да ја наведат причината за инцидентот.

„Боинг 737“ кој со 136 патници и седум членови на екипажот стигнал во морнаричката авио база Џексонвил од морнаричката база Гвантанамо на Куба, но излетал од пистата и завршил во реката Сент Џон, навеле од базата.

Во несреќата нема загинати, но има десетина повредени.

Канцеларијата на шерифот во Џексонвил објави на твитер дека морнаричка единица веднаш притекнала во помш.

Авионот бил во плитка вода и не бил потопен, сите патници се живи, пренесува „АП“ и додава дека 21 лица кои биле пренесени локалната болница се во добра состојба.

Градоначалникот на Џексонвил Лени Кари на твитер објавил дека тимови работат на спречувањето на истекување на гориво од авионот во реката.

Поврзани новости