612
Едно од 68 деца е со аутизам, покажуваат податоците на Светската здравствена организација за минатата година, изјави психологот Станислава Чуринскиене.
Денес е Светскиот ден на свеста за аутизмот. “Пред 10 години децата кои развиваа аутизам беа 1 на 10 000.
– Во моментов се 1 на 68. Многу луѓе велат дека тоа се должи на повеќе прецизност и дијагностика. Реално се должи на промени во биохемијата на децата, што доведува и до промени во неврологијата – објасни психологот.