(ВИДЕО) Влатко Ѓорчев во Стејт Департментот молел да не се урива владата на Груевски!

by Фокус

Влатко Ѓорчев, долгогодишен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен национален координатор за демографија и млади, во 2016 година ги молел властите во САД да не ја рушат Владата на тогашниот македонски премиер Никола Груевски.

Ова го откри Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, која го прочита неговото име во поткастот на Тим Пул.

Првично, таа не можеше да се сети на името на човекот кој бил избран службеник во македонската влада, но го опиша како висок и со типичен лик на источноевропеец. Човекот, според неа, дошол во нивната канцеларија, велејќи:

„Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“.

Подоцна, во текот на поткастот О Нил го пронајде Владимир Ѓорчев на фотографија на сајтот на македонското Собрание и потврди дека тој е човекот кој во 2016 година се сретнал со нејзината шефица за време на молитвениот појадок.

О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД.

Поврзани новости